Бест Јуниор Доо е приватна семејна компанија чија основна дејност е преработка на зеленчук и овошје. Долгогодишно искуство во оваа област придонесе денес Бест Јуниор да располага со најголем производен асортиман и секогаш да биде чекор пред другите. Во нашето портфолио се вбројуваат производи со врвен квалите и тоа производи од домати, зимница, деликатеси од зеленчук, шампињони и оцети,  достапни во најразлични пакувања.

 Нашите производи како на Македонскиот пазар, успешно котираат и на странските пазари што укажува на тоа дека квалитетот е секогаш  на прво место. Покрај производство нашата компанија има и сопствена дистрибуција која придонесува поефикасна и навремена достава на производите до крајниот потрошувач. Стручниот тим на компанијата континуирано работи на подобрување на квалитетот на производите, лансирање на нови производи се со цел задоволување на барањата на потрошувачите.
Денес се произведуваат повеќе од седумдесет производи од кои што дел се и со бренд на неколку деловни партнери.